Петар Печков
Објавено: недела, 11 март 2012
Новите докази објавени во списанието Нејчр, не воведуваат во интересни сознанија за животот, здравјето и животниот стил на прастариот леден човек прнајден на Алпите - Етци. Извршени се ДНК тестови врз она што е можеби најиспитуваното тело во историјата на Европа и неговиот геном е секвенциран, што доведе до некои возбудливи откритија.
Етци, стар 5.300 години, беше пронајден од планинари на италијанско-австриските Алпи во 1991. Добро сочувано во мразот, телото овозможи некои важни информации за предисториските луѓе. Сега го истражуваме самиот човек.
Списанието Нејчр објавува вест дека целата ДНК секвенца на ледениот човек Етци од Тирол, е објавен во Нејчр комјуникејшн, и дека испитувањето на геномот дава важни информации за поврзаноста на ледениот човек со Сардинија и Коризка.
Етци има тетоважи, расипани заби, затврднување на артериите и пред да умре, јадел убав ручек со козјо месо - а потоа бил погоден со стрела во грбот. Не е јасно дали умрел од ова или од тешки повреди по главата - или ја повредил главата паѓајќи неколку метри подалеку откако бил погоден со стрела, или пак загинал од насилна смрт кога неговата глава била смачкана од некој натрапник.
Алберт Цинк, шеф на Институтот за мумии и ледениот човек во Болцано, Италија, и лидер на истражувањето за секвенцирање, во Нејчр напиша: „Сакаме колку што е можно повеќе да дознаеме за животните услови, за него самиот и за причината за неговата смрт. Навистина се обидовме да направине реконструкција на сцената на злосторството колку што е можно поверно“.
Во 2008 беше земен примерок од митохондриска клетка на ДНК од Етци, и елементи на мутации кои денес повеќе не можат да се најдат, по што научниците заклучија дека Етци дошол од племе кое оттогаш исчезнало. Тимот преводен од Цинк дошол до понатамошни информации со проучување на клетки земени од коска од колкот на Етци, која содржи 96 отсто од геномот на ледениот човек.
Ова доведе до откритието дека тој имал кафени очи, „нулта“ крвна рупа, не поднесувал лактоза, бил атлет и активен, и речиси со извесност боледувал од маларија. Тоа исто така отрива и дека мутациите во неговиот хромозом Y биле вообичаени кај мажите од пределот на медитеранскитѕе острови Корзика и Сардинија, каде е познато дека тогаш имало праисториска цивилизација, која во еден временски период била присутна на европскиот континет и потоа исчезнала, освен на тие два острови.
Нејчр го цитира палентеологот Еске Вилерслев од Копенхашкиот универзитет, кој изјави: „Сардинијците се група кои луѓето ги сметале далечни од европејците, и во тој контекст ќе биде интересно ако се открие дека во минатото тие биле пошироко населени“.
текстот е преземен од Правда Москва
Tweet |